Мегалити
Единствен споменик од британскиот неолит и бронзеното време, Стоунхенџ, што се наоѓа на подрачјето Wiltshire, претставува врвен развој на британските кружни светилишта. Ископувањата покажале дека во него се извршени голем број на измени и доградби од времето на првиот ограден простор со насип и јарак.(помеѓу 1900-1700 пред.н.е.). До конечниот облик во облик на круг и потковица од бронзениот период, кој се претпоставува дека бил довршен до 1500 година пред н.е.
Камените блокови од сарсен тежат до 50 тони и потекнуваат од Marlborough Downs, околу 25 км северно, а блоковите од долерит и други видови на камењабиле донесени од јужен Велс. Пренесувањето и подигањето на тие масивни монолити, симетрија на планот и вешто изградени спојници во облик на дупки и заглавници сведочат дека работата ја надгледувал некој искусен архитект или занаетчија (неимар). Можно објаснување за тоа е добиено во 1953 година кога на еден од камените блокови биле откриени резбарени претстави на бронзени секири и еден бронзен бодеж, можеби од егејски тип- ‘‘сигнатура‘‘ која можеби укажува на едно средиште на култот на секирата, Микена, каде во гробниците со длабоки комори имаме блиска паралела со овој облик на градба.
Како бил изграден Стоунхенџ? Тоа веројатно ќе остане нешто за коа ќе може само да нагаѓаме. Се знае дека околу 80 големи камени блокови, од кои некои тежеле и до 5 тони, биле пренесени од планината Пресели во Пемброкшир, оддалечени околу 200км воздушна линија. Макар што еден дел од патот можеле да бидат носени преку вода, покрај брегот или покрај реката Ејвон, последниот дел од нивното патување кога се влечени на санки мора да бил долг и мачен.