недела, јануари 15, 2006

Римска Војска

РИМСКА ВОЈСКА


Римска војска / Саша Лилчиќ

Најстарите Римјани во најраниот период биле мал народ – ЛАТИНИ. Потоа со својата експанзија, кон себе ги приклучиле и другите племиња на Апенинскиот полуостров со што многу зајакнале. Заради својата супериорна војска и соодветна политика, Италијците го покориле сиот Медитеран.
Многу од поробените земји поради привлечната политика, просто не сакале да се ослободат од ‘‘многу добрите’’ поробувачи-Римјани кои им ја донеле цивилизацијата.
И денес се даваат огромни средства за да се проучи таа супериорна војска и да се извлече некое искуство кое ќе послужи за денешни дни. Досега се познати околу 23000 книги кои за тема ја имаат римската војска.

СИСТЕМ НА ВОЈСКАТА
Различен за одредени периоди
1. Републикански период
2. Раноцарски ‘‘
3. Доцноцарски ‘‘



Римска војска / Саша Лилчиќ

РЕПУБЛИКАНСКИ
ПЕРИОД
Во овој период има само АКТИВНА ВОЈСКА, т.е. кога е потребно се регрутираат сите предвидени мажи, а кога војната ќе заврши тие се враќаат дома. Војниците се нарекуваат КВИРИТИ – синови на богот на земјата.
Како е собирана војската?
Секој граѓанин со италско право бил должен на 20 походи, или 10 со коњица, и тоа од 17 – 46 години старост. Оние што не ја извршиле својата должност се бирани и тоа со коцка, кога имало потреба. Составувани биле само 6 легии.
При крајот на републиканскиот период /100-30 години старост се јавуваат жестоки граѓански војни во кои се борат меѓу себе старата и нивната партија. Затоа се бара повеќе војска. Сега владеат ТРИУМВИРИ кои многу често меѓу себе се убивале и многу често се бирани нови. Во тоа време имало многу повеќе легии. Сула и Помпеј примаат доброволци војници кои ги плаќаат. Овие платеници се професионалци и тие подобро војуваат. Ваквата пракса ќе се устали и ќе продолжи и подоцна.

Римска војска / Саша Лилчиќ

Бирање на војници и заповедници:

На 1 јануари се собираат сите мажи со право на глас се вршат избори на 2 конзули – највисоки претставници (‘‘претседатели на владата’’) кои се и врховни команданти.
Тие добиваат по ДВЕ ЛЕГИИ секој, т.е.
3000 Тешковооружени пешаци
1200 Коњаници 1 коњанички ескадр.
2600 Лесновооружени пешаци
Се избираат и 2 ПРЕТОРИ – заменици од понизок ранг. Ако има опасност, се викаат минатогодишните конзули и претори коик имаат функција на ПРОКОНЗУЛ и ПРОПРЕТОР. Се избираат и 24 ВОЈНИ ТРИБУНИ – ТРИБУНУМ МИЛИТАС – полковници. Тоа се обично надарени аристократи кои се тука ставени за да не бидат ’’обични војници’’. Во секоја легија има по 2 ЛЕГАТУС-а виши офицери и нешто пониски од претходните. Тоа се вистински офицери со богато искуство, а спаѓаат во аристократија.
1 ЛЕГИЈА = 10 КОХОРТИ
1 КОХОРТА = 600 ВОЈНИЦИ




Римска војска- општо / Саша Лилчиќ

Principali – пониски офицери.
Aquilifer – Орлоносец, заставник, кој се грижи за INSIGNIA – Копје со медалите на легијата, на чиј врв стои орел – симбол на легијата.
Signifer – Носачи на обележјата на помали единици.
CenturiUN – Стотник, обичен војник кој се истакнал и кој може да наредува до префект.
Prefect – управник на логор.
Praefectus Castorum – Кентурионот добива коњ, но во борба. Тој слегува. Од обичните војници се разликува по шлемот, чии пердуви стојат попречно. Во рацете држел камшик, со кој ги тепал војниците што отстапуваат.
Primpilat – Првак во фрлање копје.









Римска војска- општо / Саша Лилчиќ

РАНОЦАРСКИ ПЕРИОД
Сега војската е професија и е платена. Август откако ќе застане на престол ќе ја формира оваа – СТОЕЧКА /СТАТИВА/ војска улогорена во логори. Регрутите се земаат од новоокупираните провинции. Младите од провинција се желни за граѓанското право и добра плата и други бенефиции и сето тоа во војската ќе го добијат. Што е најважно тие се странци и се многу помирни од домашните. Ваквиот облик е должен да служи од 18-25 години. Потоа тој станува VETERANUS, прима пензија. Додека служи тој добива по 300 денари во сребро годишно / подоцна платата ќе им се покачи. По неговата , дедукција – пензионирање, тој добива премија – надокнада, порано во парична вредност 1000 денари. Но бидејќи касата на Рим ќе се испразни, подоцна ветераните само мал дел од премијата ќе го добиваат во пари, а останатиот дел во земјишен имот, и тоа во провинцијата каде го затекнала дедукцијата. Со тоа тој станува KOLON. Војниците биле стационирани во CASTRUM –ЛОГОР, за кој биле врзани и од него не се оддалечувале. Каструмите биле распоредени покрај границата – LIMES, на римското царство кон другите земји. Внатре во земјата имало распоредени мали единици, во функција на жандармерии, стационирани на патиштата, рудниците и други значајни точки. Овие единици имале намена – расчистување на патиштата од ајдуци, смирување на разни буни и како царинска служба во бенефицирани станици лоцирани на значајни точки. Во градот Рим имало градба на императорот – Преторијанци директно подредени на императорот и го чуваат него лично. Преторијанците се во раскошна униформа, примаат поголема плата, но тие се и извонредно способни војници (најчесто странци).

Римска војска / Саша Лилчиќ

ДОЦНОРИМСКИ ПЕРИОД

Диоклецијан и Максимилјан вршат реформи во војската. Војската е поделена, легијата е преполовена (една половина е пратена на запад, а друга на исток.)
Во почетокот на 4 век LEGIJA има 2000 луѓе.
При крајот на 4 век LEGIJA има 1000 луѓе.

379 година кај Хадрионополис, (Едрене) римскиот цар е поразен и сосема уништен од страна на Готите. Со тоа целата римска војска е уништена а Готите званично стануваат римска војска. Оваа римска војска си има свои команданти – Готи, кои стануваат еден вид министри за одбрана. Факт е дека Ромеите ќе се населат во градовите а Готите ќе останат по селата (меѓу себе се мразат)


ЛЕГИЈАТА НАПАЃА ВО KOHORTI:
Една легија = 10 kohorti
10 кохорти = 6 CENTURII
.

Римска војска / Саша Лилчиќ

Ако првата легија се измори, напаѓа втората, а првата се повлекува. Ако не успее и втората, значи треба да се промени тактиката. Римјаните никогаш не сакале залудно да губат војници.
На чело на легијата оди Aquilifer – носач на знамето на легијата (копје со медали). Тој е облечен во кожа, за да личи на Херкул ( Тој е вооружен со голем меч и кама. Се додека тој го држи знамето – легијата постои. Штом шадне знаменосецот сите ја напуштаат борбата.


Во легијата спаѓаат: КУВАРИ, СНАБДУВАЧИ – CALONES.

Во римската војска главна ударна сила била тешковооружена пешадија – ЛЕГИОНЕРИ. Лесновооружените пешаци – ВЕЛИТЕ, имаат две копја, праѓа и се боси. Тие го имаат првиот збор во битката и потоа отстапуваат. Коњицата и стрелците имале споредна улога.
ЛЕГИОНЕРИ – тешковооружени пешаци.
ВЕЛИТИ – лесновооружени пешаци.
САГИТАРИИ – вооружени со лак и стрела.
АЛЛА – главна коњичка единица = 300-400 EQUITI-коњаници.
TURMAE – чета составена од 10-12 коњаника. Истата служела како и полиција во внатрешноста, каде немало војска. Таа се спротиставувала на ајдуците, бунтовниците.


Римска војска / Саша Лилчиќ

БЕНЕФИЦИАРИИ – се пак војници, но тие служат во бенефицијарни станици. Многу незгоди во тоа време правеле ПЕРЕГРИНИТЕ (скитници), слични на подоцнежните чергари кои правеле доста нереди. Познати се луталиците LATRONES DARDANES. Имено нив ги среќаваме на повеќе надгробни плочи, наведени како убијци на познати воени лица (во денешно Косово).


ВОЈНИЧКА ОБЛЕКА
Легионер
TUNICA – од волна, без ракави, на голо тело се подигнува и се спушта над и до колена.
SAGUM – надворешна облека, наметка (синел). Квадратно парче од кое двата краја се закопчуваат на десното рамо, со што е слободна десната рака за борба, а со левата може да се фати сагумот и да послужи како штит... При борба SAGUM-от се остава (Sagum Sumerer, Saga Ponere). Офицерските сагуми се боени со пурпур.
CALIGAE – војнички цокули, отворени или затворени (плетени со каиши), одоздола потковани со клинци за да траат подолго, или:
CALCEUS,i. : лесни обувки, отворени, служеле и во цивилството.
BRACAE – панталони – ’’бермуди“ кои средновековните римски војници ги прифатиле од северните варварски народи.


Римска војска / Саша Лилчиќ

LORICA – ОКЛОП, кој се облекувал врз туниката. Имаме повеќе типови на лорики:
1. од дебела воловска кожа, која е основен материјал за Л. Таа е сигурен оклоп, но многу неудобен и гломазен.
2. ПЛЕТЕНИ КАИШИ: лорика од овој материјал е поудобна, а на неа за сигурност се ставани метални делови.
3. LORICA SEGMETATA: најудобен и најчест оклоп, кој е минимален. Заштитува обично рамиња и гради – CARDIOFILAX. Составен е од лабаво наместени метални сегменти.
4. LORICA SQUANATA – Панцир кошула : лесен оклоп, плетен од железни алки, кој спречува само слаби удари. Инаку ќе се користи и во средниот век.
5. LORICA SARMATICA – Оклоп со метални крлушки
Наменет е за коњаници, делумно го прифаќа и римската коњица. Прифатен е од народот SARMATI кои се наоѓале од Русија па се до Банат. Тие го употребувале овој оклоп при своите пљачки во римските провинции, преминувајќи преку замрзнатиот Дунав.
GALEA/CASSIS,idis,f. – Шлем, Шлемовите се редовно носени, а биле изработени од кожа и железен лим. Бидејќи од нетраен материјал, до денес не е сочуван цел, оригинален шлем, туку само парадни бронзени шлемови. Имаме два израза за шлем:
GALEA,ae,f.(casque[primitive.de cuir])

Римска војска / Саша Лилчиќ

GALEAM INDUERE: se couvrir du casque/en g?n.
GALEAE AHENEAE; CASQUE/en metal/>casques d’airain
- casque / ? visere /
- huppe / d’oiseau /
CASSIS, idis,f.: casque en metal[des cavaliers]:
MULIONES CUM CASSIDIBUS,
EQUITUM SPECIE
Muletiers coiffes du casque pour se donner l’air de cavailers [fig.] AETAS PATIENS CASSIDIS, age proper a la guerre.
SCUTUM – е војнички штит, голем по димензии: 0,75х1,20м. Составен од две тврди даски кои формираат заоблежна плоча. Спојот на даските е фиксиран со метален оков кој служи како арматура. Оковот е различно украсуван (како молњи, пајак...) Значајно место на штитот завзема UMBO – папок на штитот, кој претставува и етничко обележје преку кое се разликуваат војските. Умбото е испакнат дел во центарот на штитот кој обично бил многу украсуван (позлатен, од чисто злато, со инкрустрација, емаил...) SCUTUM се носи со сака и лакат.
PARMA – е мал штит, кој го носеле коњаници и велити. Тој често е кружен, а се држи во саката и со него лесно се маневрира при одбрана (најчесто од стрли).



Римска војска / Саша Лилчиќ

ОРУЖЈЕ ЗА НАПАД


КОПЈЕ – Копјето е основно оружје за напад (не само кај римјаните, туку насекаде. Копјето е составено од метален врв, и двена трска (постарите форми имаат и мал оков на другиот крај од дршката. Врвот е железен и е составен од лист и всадник. На листот често има ребро кое не му дава да се свитка. Копјето со својот лист е испланирано да сече месо и противникот што побргу да искрвари.
PILUM – Пилумот е одсјај на римската воена тактитка, т.е. тоа е копје наменето за борба одблизу. За разлика од Грците кои војувале како на двобој, двајца по двајца, римјаните војувале во густи групи, напредувајќи чекор по чекор. При вакви борби имало голема можност противникот со меч да му го пресече копјето со што војникот е онеспособен. Затоа е створен PILUM чија половина е метална а другата дрвена. Пилумот е пократок, врвот му е потенок и тој може да пробие оклоп и штит. Полесните пилуми сње за фрлање(со оловен додаток). PILUM трае од крај на републиката до крај на царскиот период, а подоцна е елиминиран заради промената на римската воена тактика.
МЕЧЕВИ
ЛАТЕНСКИ – Во тек на 1000 години Римјаните користеле мечеви кои се менувале во зависност од нешријателското оружје. Во текот на 5-4 век пред н.е. во денешна средна Италија се населуваат Гали кои толку зајакнати го окупираат цел Рим, освен ридот Капитолинум(кога

Римска војска / Саша Лилчиќ

’’гуските ќе го спасат Рим’’). Имено галските војни употребувале вакви ’’латенски’’ големи мечеви- секачи со заоблен врв, долги 1 метар. Супериорноста на овие мечеви, како и храброста на Галите (кои војувале голи) допринеле за поразот на римјаните. Кога тоа го сфатиле римјаните наполно го прифаќаат овој меч. Со овој меч не само што ќе ги протераат Галите, туку ќе нижат успеси се до Пунските војни (Картагина) – Доцнорепубликански период.
Во пунските војни поради големата збиеност станува непрактичен латенскиот меч и затоа него го заменува Хиспанскиот, кој подоцна ќе го добие името Гладиус. Овојпат Гладиус е превземен од покорениот Хиспански народ. Првпат тој ќе се употреби во 1- Римско-Македонска војна(со Филип 5) каде ќе се покажат неговите одлични својства.
-Покус е, и е створен за блиска борба.
-Може да се удира и да се боде(инаку latens. е само за бодење- rapir.
-Многу добро му е избалансирано тежиштето- во првата третина на сечивото, каде е благо проширен.
*excurs: Слично на Гладиус со добро избалансирано тежиште била и МАХАЈРАТА донесена на Балканот од Персијците, а која во текот на хеленизмот многу ќе одмаќи.
Со текот на времето во римската војска се регрутираат голем број на варвари( кои по пензионирањето добиваат римско граѓанско право и имот) кои се борат разбиено и пак се враќаат кон старите келтски мечеви од ’’латенски тип“. Овие платеници го нарекуваат СПАТА-

Римска војска / Саша Лилчиќ

што значи лопата. Овие платеници носеле и ножеви слични на махајри (кои им служеле како ками, т.е. ножеви).
Мечевите порано биле многу значајни, скапи и побарувале многу работа. Некои мелеви биле легендарни и тие всушност (така се сметало) биле силата на некои јунаци. Дури секој меч си имал свое име и амајлија. При правење на еден меч се чинеле многу религиозни обреди. Натопување во човечка крв, молитви и друго.

Најпрочуени биле персиските мечеви (подоцна ДАМАСКИНИ) кои биле посебно калени и преклопувани многу пати при ковењето.
Познат е мечот ЕКСКАЛИБУР.
Пример со мечот на Атила.
Еден меч е најден од еден обичен овчар во поле. Откако го зел во рацете рекол: “со овој меч ќе го поробам целиот свет“. Тоа бил Атила. Пронајдено е едно депо на оружје во Германија. Тие биле пред тоа добро конзервирани и затоа се сочувале- Корици за ножеви или мечеви.






Римска војска / Саша Лилчиќ

Машини за напад и рушење на фортификациони објекти

Јулие Цезар во своите дела опишува низа вакви машини, кои зависно од намената се користеле за опсада на утврдени населби или при бојни судири.

ОВЕН - Најосновна машина за рушење порти и зидини кои ја користели грците и други народи. Тоа е сноп од неколку стебла долг околу 20 метри на риј врв има метална окова која често има облик на овнешка глава. Група војници го држат со јажиња овенот и неколку пати удираат во објектот. Бидејќи непријателот одозгора гаѓа на нив, тие над себе градат импровизиран кров – VINEA. Имало и помали покриени овни со покривна конструкција целосно, а ставени на тркала.

TESTUDO – Желка, заклон покриен со кожи кои го тркалаат до зидот и го стационираат таму каде тој удира и го руши зидот.

Подвижни кули – Тоа се дрвени кули ставени на тркала, кои се придвижуваат до тврдината и од која напаѓаат војниците. Кулата е покриена со свежи животински кожи кои не пропуштаат лесно стрели, а многу тешко горат (само цврчат).

Римска војска / Саша Лилчиќ

СОЈУЗНИЦИ - SOCII

Секој град сојузник морал да даде поденаков број војници. Најпотребните пешаци биле регрутирани од италските сојузници, кои ги имало и во коњаницата. Бидејќи римската коњаница била слаба, набргу, во нејзиниот состав ќе бидат Италците.
Една петина (1/5) од пешаците и една третина (1/3) од коњаниците служеле за посебни задачи. Тие се нарекувале одбрани војници –extraordinarii.



ДЕМОНТАЖА НА ЛОГОРОТ

На првиот знак на трубата, војниците отпочнувале да ги расклопуваат шаторите на конзулот и трибунот,а потоа секој војник го расклопувал својот шатор.
На вториот знак од трубата ги товареле товарите на мазги, а на третиот знак со трубата претходницата веќе тргала од логорот.


РЕД НА ДВИЖЕЊЕТО

Редот на движењето воглавно никогаш не се менувал. Одбраните војници - екстрародинарии тргале како претходница. Но ако постоела опасност непријателот да нападне од зад грбот, зад нив, тие се движеле позади. По нив одело десното крило на сојузниците следено со двете легии. Помеѓу секоја легија биле колите со војничката

Римска војска / Саша Лилчиќ

опрема (impedimenta). Левото крило на сојузниците ја чинело отстапницата. Сојузничките коњаници ги следело лесно вооружените чети на сојузниците или го заштитувале конвојот со сојузничката опрема, како што и римската коњаница чинела за своите чети и опрема.
Во непријателска земја, четите пред себе праќале извидници. Зад нив, хастатите, принципите и триариите, се движеле во три паралелни колони, помеѓу кои оделе колите со војничката опрема.Доколку одненадеж била нападната, војската без попречување можела да заземе борбена позиција.

ВОЕНИОТ ЛОГОР КАСТРУМ - УКРЕПЕНА СТРАЖА

Трибунот, со неколку кентуриони, предвечер заминувал да го разгледа подрачјето и да пронајде место погодно за логор.Тој одбирал 800 метри? површина до некоја вода, со сигурен и лесен пристап и ливади како извор на храна за коњите. Ова место требало да биде на возвишение за да се оневозможи ненадеен непријателски напад.
Трибунот најнапред одбирал место за шаторот на војсководачот (praetorium) и на него поставaл бело знаме. Според тој ориентер и според точно утврдените прописи се подигал целиот логор.
За да логорот се означи со колци, трибунот се служел со грома, четирикрака мерна летва. Тоа бил порамнувач што се движел по степенуван криг. Колчењето отпочнувало на местото одредено за шаторот на војсководачот, т.е. во квадрат со страници долги по 60 метри. Потоа одбележувал две спротивни улици што се вкрстувале


Римска војска / Саша Лилчиќ


пред шаторот на војсководачот до кој што бил и шаторот на квесторот и форумот. Покрај шаторот на квесторот (quaestorium) и форумот, логорувале одбраните чети на легиските коњаници и пешаци, како и помошните чети доделени на војсководачот.Велитите не престојувале во логорот. Од нивните редови биле избирани луѓе за извидницата вон логорот, така што тие престојувале околу каналот, близу до портите. Во логорот влегувале само доколку бил под опсада. Откога војската пристигала на местото одбрано за логор, распоредот веќе бил готов и означен со знаменца во различни бои. Војниците веднаш, под полна спрема приоѓале кон маркираната линија на идниот опкоп и тука отпочнувале да го копат каналот. Земјата ја исфрлале од надворешната страна на каналот и така издигале насип. Го дополнувале со трева врз што поставале ограда од колци (vallum). Секој војник носел по еден или повеќе казми како составен дел од опремата. Меѓу опкопот и првте редови на шаторите биле оставани по 60 метри бришан простор (intervallum) за движењето на војската и за заштита на шаторите од непријателското стрелање.

КАНАЛОТ И НАСИПОТ

Каналот (fossa) и насипот (agger), го опколувале квадратниот логор со страни долги по 700 метри.ѓ
Како што насипот нараснувал, така манипулите една по друга влегувале во логорот. Коњаницата влегувала дури откога на страната кон непријателот била поставена ограда.
Војниците го граделе логорот секоја вечер по малку. Доколку војската зимувала во логорот, тој бил поквалитетно уреден, а можел да постане и постојано престојувалиште.