понеделник, февруари 27, 2006

Толос гробници

(Интересно)

Во 14 век пред н.е. Микена го достига својот врв и тогаш се изградени најголемите толос кралски гробници како Атреевата. Од 1450 година пред н.е. запопочнуваат да го заменуваат претходниот тип на кралски гробови. Ги содржи елементите од гробните соби, ДРОМОС обѕидан со камен, СТОМИОН од повеќетонски монолитски камења и кружна гробна соба до пола вкопана во земја, засведена. Засводувањето е извршено со испуштање на блоковите за извесен дел од претходните. Ритуал инхулација. Видливи па затоа и се најограбени.
____________________________
Ликвидно Подземје
Оддел за Археологија и Историја

Палеолитска уметност

Оваа уметност подразбира дела од монументалнаи применета уметност создадени во текот на старото камено време и тоа гравури, сликарство, рељефи,скулптури и резбарии. Нејзиното појавување стручњаците го поврзуваат со појавата на хомо сапиенсот пред околу 300 000 год., макаршто континуираниот развојможе да се следи дури во културите кои ги оставил хомо сапиенсот во текот на младиот палеолит меѓу 35 000 год. пред н. е.и 9000 год. пред н. е.
Палеолитската уметност се манифестира веќе од крајот на стариот палеолит и тоа соапстрактни вдлабнувања во камен и коски, а од средниот палеолит - одбирање на необични природни облици (фосили, облици кои наликуваат на животински или човечки фигури), кои се наоѓани на локалитетите со мустериенска култура .

Во младиот палеолит се јавуваат 2 основни вида на палеолитска уметност:

1. како пештерска уметност (цртежи, гравури и слики на зидовите на пештерите), и како

2. предметна уметност (статуети, гравури и резбање на култни и употребни предмети или накит).

Пештерската уметност е позната воглавно на подрачјата на Шпанија, Француска и Италија, посебно во областа на Пиринеите и Југозападна Француска.

Предметната уметност се наоѓа ширум Европа, од Англија до Русија.
Во двете категории застапени се три теми: животинска фигура, човечка фигура и симболички знаци. Во пештерската уметност, од животинските фигури најчесто се прикажани коњ и бизон, додека останатите видови се прикажувани многу поретко (козорог, елен, мамут, мечка, носорог). Рибата и со се почеста тема во предметната уметност. Човечката фигура е релативно ретка. На зидовите на пештерите готово секогаш е стилизирана и најчесто без јасни полни ознаки. Во применетата уметност прикажувана е гола жена (Венера )и тоа како на крајно натуралистички така и реалистишки начин или сосема шематизирано ( Вилендорф, Брасемпуј, Леспиг)
Симболичните знаци се разноврсни, но може да се класифицираат во 2 основни групи:
издолжени( вертикални линии понекогаш во вид на гранче или стрела, низа од точки, стапчиња), и
заоблени, односно затворени (елипси, триаголници, правоаголници).
Издолжените знаци се протолкувани како машки знаци бидејќи во пештерската уметност овие знаци се прикажувани покрај женски ликови.
Заоблените знаци се протолкувани како женски знаци бидејќи се прикажувани покрај машки ликови.
Бидејќи знаците од едната и другата група се прикажувани во парови се претпоставува дека главна тема на палеолитската уметност е плодноста на луѓето и животните. Во пештерите се сретнуваат периодично и композиции, како и некои ретки теми: бизон или мечка кои напаѓаат машка особа, машка особа прободена со копје, маскиран маж т.н. врач, хибридни или фантастични суштества, како и животни без глава.
Во млад палеолит после т.н. профигуративна фаза, меѓу 35 000 год. пред н.е. и 30 000 год. пред н.е., во текот на кој камените блокови, плочките и предметите од коски се украсувани со апстрактни мотиви, јасно се воочуваат 4 стилски фази, и тоа на големи пространств, од Урал до Атлантски океан.
СТИЛ 1 е формиран во оквир на ОРИЊАСИЈЕНСКАТА КУЛТУРА, околу 30 000 год. пред н.е.,го карактеризираат гравирани фигури врз камени блокови и плочки, воглавно прикази на главаили предниот дел од тешко препознатливото животно, како и реалноприкажаните гениталии.
СТИЛ 2 Во времето на граветиенската и постарата солитрејска култура, помеѓу 25 000 и 20 000 години пред н. е. се негувал Стил 2, односно, мамутите, бизоните, коњите и останатите животни кои биле ловени, биле прикажувани со стилизирани тела и со реално прикажани глави, а во скулптурата - човечка фигура со пренагласено тело и со крајно стилизирана глава, раце и нозе. Во овој стил биле изведени и првите претстави врз пештерните ѕидови, и тоа околу влезовите, поретко и во полуосветлените зони.
СТИЛ 3 Во помладата фаза на Солитрејската култура, помеѓу 20 000 - 15 000 години пред н.е., уметноста се наоѓа во брз успон, иако во овој стил и натаму се чувствуваколебање помеѓу натурално, реално и стилизирано прикажаните детали. Така животинските и човечките фигури имаат претешки, бременити тела и мали глави, кои што со време постануваат се пореални. Во овој период се зголемува бројот на апастрактните знаци.
СТИЛ 4 Кон крајот на палеолитот, во време на процутот на Магдаленската култура, јасно се воочуваат две стилски фази две стилски фази: Стил от 4 - постар и Стил 4 - помлад. Тоа бил класичен период на палеолитската уметност, кога по пештерите биле насликани и ѕидовите што се наоѓале далеку од влезот, во полна темнина. Во текот на постарата фаза, помеѓу 15 000 - 10 000 година пред н.е., животинските фигури билеприкажани реалистично, со сите детали, честопати во живо движење, а човечките фигури се стеснети, мошне стилизирани, често без јасно означена глава и раце.
Од крајот на Магдалениен, околу 10 000 години пред н.е., ѕидовите на пештерите не се украсувале но предметната уметност била во полн процут во цела Европа. Во тој кус период (Стил 4 - помладиот), животните биле претставувани потполно реалистично; околу 9000 година пред н.е. сите претстави постанале непропорционални и крајно шематизирани.
Палеолитската уметност има изразито религиски карактер, пештерите со гравирани или насликани ѕидови претставуваат своевидни светилишта, додека предметната уметност во најголем дел се врзува за малите, т.н. подвижни светилишта по заклоните под карпите или во живеалиштата под ведро небо.
___________________________
Ликвидно Подземје
Оддел за Археологија и Историја

Палеолит

(старо камено време)

Термин со кој Л.Лаибок 1865 година го означил најстарата и најдолга предисториска епоха. Материјалната култура од овој период ја оствариле некои човечки заедници(едно или неколку семејства), чии опстанок се засновал на ловечко собирачки начин на живеење. Мобилноста на ваквите заедници била ускладена со годишните времиња, користењето на природните ресурси, или помалку или повеќе широкиот спектар на растителни или животински видови на одредена територија. Поради тоа археолошката документација за палеолитските заедници се однесува на траговите кои овие заедници ги оставиле зад себе во пештерите, засолништата под карпите, или на слободен простор (огништа, орудија, коски од уловените животни). Со оглед на геолошката старост на слоевите во кои таквите остатоци се најдени, како и на технолошкиот начин на изработка на орудијата од исклесани, најчесто од силикатни карпи и минерали, животински коски и рогови, изведена е традиционална поделба на палеолитот на постар или долен палеолит, среден палеолит и млад или горен палеолит. Наоѓалиштата од постар палеолит (пред 2,6/2,3 милиони до 128.000 години) потекнуваат од крајот на терцијерот (плиоцен) и периодот на долниот и средниот плеистоцен. Најстаријте орудија за работна и друга намена припаѓаат на културата ОБИНТАКА (пред 2,6/2,3 милиони до 700.000 години) и потекнуваат од локалитети долж јужно афричката пукнатина ( Хадар, Олдувај, Мелка-Кунтуре). Фосилни остатоци на австралопитекус, хомохабилис и првиот хомоеректус, исто така потекнуваат од оваа област, па затоа таа се смета за колевка на човештвото.
Хомо еректусот освојува нови простори, ширејќи се од Африка на дотогаш ненаселени континенти, оставајќи значајни трагови на својот начин на живот во Европа и Азија, почнувајќи од пред 1,5 милион години до 700.000 години. Нови технологии на изработка на клесано орудие се јавуваат во рамките на постарата ашелска култура или технокомплекси во Африка (1,7 милиони години) и Европа (пред 700.000 до 300.000 година). Помлада Ашелска култура (пред 300.000 до 100.000 година) на низа локалитети. Хомо еректусот почнал да го контролира огнот, најмалку пред 400.000 години. Во рамките на помладата ашелска култура, пред 300.000 години, изработката на клесано камено орудие е уште повеќе усовршена, (левалуазијенска техника) за да стекне широка примена во средниот палеолит пред 350.000 години веројатно се појавил архаичниот Хомосапиенс. Една од неговите варијанти, хомо сапиенс неандерталенсис, чии остатоци се најдени во Европа и на Блискиот исток.

Почеток на средниот палеолит (пред 128.000 – 40.000/35.000 години) се поистуветува со почетокот на горниот плеистоцен. Продолжуваат старите технолошки традиции и се усовршуваат нови техники кои биле присвоени и во претходниот подпериод. Сосема нова појава претставуваат најдените гробници (Комб Гренал, Мустија, Тешик-Таш, Шанидар), пружајќи јасно потврда за постоење на култ, односно укажување на се позначајната улога во идеологијата во животот на ловечко-собирачките заедници. Горниот или помладиот палеолит претставува период на големи пресврти, посебно во поглед на прилагодување на ловечко-собирачките заедници, на многу различни услови кои ги диктирал животот. На пример од оние во поларните до оние во тропските предели и посложена социјална организација.
Млад палеолит (пред 40.000 – 10.000 години) траел до крајот на горниот плеистоцен, односно за време на најсилно изразените климатски осцилации на последниот леден период. Обележен е со појава на новиот хомо сапиенс сапиенс и нови технологии. Обработено камено орудије кое добива форма на сечиво, помало е од претходното, експлоатацијата на суровините е поекономична (оттаму за младиот палеолит се користи името лептолит). Започнува широка употрба на предемти изработени од животински коски, рогови и заби (од забите се правени шила, проектили, исфрлувачи на копја, украси). Кон крајот на младиот палеолит се јавуваат и многубројни технолошки иновации (лак и стрела, харпун, орудије од изделкан камен), нови стратегии за користење на ресурсите, риболов, собирање на школки, можеби и припитомување на кучиња. Орудието се изработува во многу поголем број на облици, кои одговараат за специфични намени. Но стиловите на изработка на орудието се разликуваат од регион до регион. Таа појава е условена покрај останатото, со порастот на општата популација, промените во еколошката сфера, неможноста на ловечко-собирачките заедници да си обезбедат опстанок и сопствена биолошка и социјална репродукција на начин практикуван со стотици илјади години. Решавањето на тој проблем одело двојно. Прво палеолитските заедници кои биле населени и степа се ориентираат на планска експлоатација на својата територија, воспоставувајќи постојани резиденцијални логори, од кои ги превземале ловечко-собирачките активности. Таквите походи однапред се планираат, ресурсите интензивно се прибираат во кратки периоди, а вишокот се претвора во залихи кои обезбедуваат опстанок во месеците на немаштија. Мобилноста на групата сега е ограничена и тие се се повеќе упатени на соработка со соседните заедници кои престојувале во истиот регион. Таквите заедници поминуваат низ процес на длабока социјални и технолошка интерграција, која археолошки јасно се гледа во наодите кои што се поврзани за култот(пред се појавата на палеолитската уметност, еден од најважните белези на овој период).
Друг начин на обезбедување опстанок, подразбирало одвојување или расцепкување на заедницата на делови и потрага за нови територии. Во текот на младиот палеолит биле освоени и двата преостанати континенти и тоа штом биле создадени услови за можност за пловење (чамци и навигација со видливост на копното или островот) и штом биле совладани тешкотиите за опстанок во поларните предели(опрема, засолништа и санки). Се препоставува дека со чамци можело да се стигне од остров на остров, од Југоисточна Азија во Австралија(пред 40.000/35.000 години). Преминот на новиот американски континент можел да се случи еднинствено во времето на најголемото заладување во последниот леден период, кога помеѓу Сибир и Алјаска постоела копнена врска(најрано пред 15.000 години).
_________________________
Ликвидно Подземје
Оддел за Археологија и Историја

четврток, февруари 23, 2006

Енеолит во Македонија

Енеолитот во Македонија не е доволно истражен. Издвоена е една регионална група во Пелагонија. Локалитетите биле лоцирани на доминантни места, заштитени и погодни за одбрана. Куќите се правоаголни, надземни, градени од колци, врзувачко средство кал (нема сув ѕид) и плитарот. Садовите од енеолитот ги нема во ниеден друг период: чинии, пехари на нога, богато украсени со врежани орнаменти, сликано е со бела и кафена боја.
Пластика - Статуети во седечки став и статуети со став за вметнување на глава.
Што се однесува до куќите подот им е од набиена земја, а внатре по средината се преградени за колците кои го држат покривот кој е на две води. Погребувањата досега не се откриени, освен некрополата кај мала,
Груда посветена на едно погребување со пречник од 20 метри и 4 метри висина. Се датира во ран неолит, а во неа се откриени предмети, импорт од Грција. Пронајдени се бодеж, секира.
Локалитети>
1. ЦРНО БУКИ
2. КАРАМАНИ
3.БАКАРНО ГУМНО
4. ВИСОК ГРАД БУКРИ
5. КРАВАРИ
6. РАДОБОР
7. СКОПСКО ПОЛЕ
8. КОСТОПЕРСКА КАРПА
9. ДРИМ И ЦРВЕНИ ЛИВАДИ