сабота, март 25, 2006

Лепенски Вир


1967 год. се откриени најстарите споменици од праисториска уметност на југословенска почва. Тоа е плански изградена населба од мезолит и неолит сместена на десниот брег од р. Дунав на Ѓердап со импозантни остатоци на архитектура имонументални скулптури од камен. Бидејќи овие споменици се најдени под постаронеолитска населба од старчевачка културна група, тие мораат хронолошки да се определат вовреме пред 5000 год. пред н.е. и да се сметаат за елементарни форми на доцна неолитска култура.

Културата на Лепенски вир се одликува со оригинални облици на архитектура и скулптура со исклучителни ликовни вредности. Културниот слој е со просечна дебелина 3,5 м. Затоа испитувањето на овие споменици морало да се спроведува во 2 насоки: археолошка ( новооткриената култура да се определи во време и простор), и историско-уметничка (задачата е да преку стилските особености на основните форми на архитектурата и скулптурата да се откријат општествените, економските и психолошките определби на оваа прва голема уметност на почвата на Југославија.

Лепенската култура може да се поврзе со протонеолитски и рани неолитски цивилизации на предна Азија, во прв ред Палестина и Сирија, како и некои облици европски епипалеолитски, мезолитски култури. Меѓутоа, основните форми на нејзината архитектура и пластика се до таа мерка исклучителни што имаат само смисол на осамени пораки кои единствено откриваат силен и самостоен дух од најрана праисториска уметност на Подунавјето.
Облиците на архитектура и скулптура од Лепенски Вир елементарно се чисти. Во архитектурата секогаш се поаѓа од складно пропорционален трапез каде со геометриска прецизност се распоредени елементи, а во пластиката моделирањето се изведува само во рамките на затворен волумен на големи камени блокови (облутака). Сите форми се функционални и прегледни а уметникот никогаш не отстапува од утврдената ликовна формула.
Откриените градежни објекти (вкупно 59) без оглед на разликата во величината, имаат еднакви основи и пропорции а и ист распоред на конструкциите кои во нив биле уградувани. Нивната трапезоидна форма е изведена е всушност од природниот облик на потковичеста увала во која населбата била подигната. Сите згради биле распоредени во правилни редови на терсите формирајќи облик на трапез.
Скултурите се проткаени со ист дух. Тие се дел од архитектурата бидејќисе најдени исклучивово градбите, итоа редовно учврстени во подот испред правоаголнестите огништа градени од големи камени блокови. Скулптурите имаат геометриски затворена, кубична форма.
По начин на обликување може да се поделат во 2 групи: првата група - фигурална скулптура моделирана во натуралистички стил со изразито експресионистички црти, и пластика на која се обликувани на изглед само загадочни апстрактни арабески. Човечки и животински глави, главна тема на натуралистичките скулптури, често се дадени вомонументални размери и секогаш со јасно назначени црти на лицето.
Се претпоставува дека во другата група се обработуваат фигурални мотиви, веројатно со посложена композиција (елен во шума, ритуални сцени, сцени од лов), кој уметникот, поради ограничувањето наметнато со природниот облик на камените облутоци, дури при ликовната конкретизацијз до крајност ја рационализира и претопува во апстрактни форми. Уметникот е опседнат со формата на човек и тоа со неговиот лик . Иако го обликува по една утврдена шема, секогаш со претерано големи усни, долг нос и крупни очи, сепак неко поедини скулптури се приближуваат кон правиот портрет. Овој изразит хуманизам, проткаен со рационализмот, основна е одлика на сомениците на архитектурата и склптурата откриени кај Лепенски вир а во исто време е главна карактеристика на целатаподоцнежна балканска и европска уметност.
Строгите, речиси канонизирани форми на скулптурата и архитектурата покажуваат дека нивните творци живееле во општествени односи кои поединецот вопотполност го подредувале назаконите на колективот, во атмосфера на бројни обичајни и магијски табуа и во потполна економска зависност од заедницата. Овие облици се разликуваат од сите форми познати од протонеолитските и неолитските култури на Блискиот исток за кои досега се сметало дека ја оплодиле цела балканска цивилизација. Уметноста на Лепенски Вир е дело на собирачите на храна, ловците и риболовците, луѓето со неизвесна иднина, притиснати со тешки, несовладливи проблеми, а не творештво на членовите на неолитските заедници кои производството на храна ги растеретува од оштра борба за опстанок и ги ослободува од стравот од иднината. Меѓутоа, баш во тие околности се остварени уметнички форми кои откриваат една оригинална, возбудлива и силна визија на светот.
* * *
Протолепенски вир (најстара населба, сезонски карактер, се состоела од 10-тина полувкопани живеалишта, со елипсовидни огништа,опкружени со камења.)Лепенски Вир 1а-е површина околу 2000 метри квадратни. Во секој стамбен хоризонт откриени се по 20 живеалишта, со основи во вид на зарабен кружен исечок, цврсти подови од здробен црвен варовник и правоаголни огништа изградени од големи камени блокови. Влезот, свртен кон реката, секогаш поплочен, а почнувајќи од градежниот хоризонт Лепенски Вир 1б, во подот околу огништата биле вметнати големи плочи, симболични триаголници, облутоци со коничен или елипсовиден жртвеник и големи аниконусни илил на различни начини моделирани облутоци, т.е. скулптури делумно фигурални (човечки фигури, претстави на животни и риби) а делумно апстрактни (замрсени арабески)
______________________________________
Ликвидно Подземје
(ЗАБЕЛЕШКА: Се извинувам за можни грешки во текстот)

Нема коментари: